По „Врне врне“ и „Денот да е убав“, „Намбареја“ е новата провокативна предзимска порака на Сара Мејс. Музиката е дело на Сара и на Ива, текстот на Сара, а аранжманот на Роберт Билбилов.
Видеоспотот е во реализација на „Горила филм“. За приказната да се спакува во видео се погрижи Дарко Мораитов, како директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров, а за изгледот на Сара се погрижија Елена Лука и студио „Алур“.
Кореограф на видеото е танчарот Мишо Спасовски, минатогодишниот финалист и партнер на Мејс во шоуто „Танц со ѕвездите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.