| четврток, 6 декември 2018 |

Се подобрува атмосферската канализациска мрежа на улицата „Павел Шатев“

unnamed

Екипи на Град Скопје и на ЈП „Водовод и канализација“ ги почнаа градежните работи за подобрување на атмосферската канализациска мрежа на улицата „Павел Шатев“, со поставување решетки од монолитен бетон.

unnamed (1)

Во правецот од населбата Пржино кон подвозникот, на раскрсницата, на двете коловозни ленти е извршен ископ и е поставена бетонска подлога. На истиот потег, кај црквата „Света Петка“, ќе се постават две попречни решетки од монолитен бетон на двете коловозни ленти, во двата правца.

unnamed (2)

Решетките се со должина од 3,35 метри. Тие ќе се приклучат во постојната шахта на постојниот атмосферски колектор, по што коловозот ќе се асфалтира.

На раскрсницата дополнително ќе се постават три сливници – два сливника ќе се постават еден до друг, попречно, на самиот коловоз и тоа на влезот од улицата „Павел Шатев“ кон улицата „Огнен Прица“, а еден сливник ќе се постави на влезот од улицата „Огнен Прица“ кон булеварот „Павел Шатев“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top