| четврток, 6 декември 2018 |

Уметници од 30 земји напуштено село претворија во улична изложба (фотогалерија)

djerbahood-mural-art-project-erriadh-tunisia-20

Ер-Риадх е мало село во кое туристи не доаѓаат често, но се наоѓа на островот Ѓерба, во Тунис. Вкупно 150 уметници од 30 земји од светот решија да го посетат ова село и да го претворат во отворена галерија. Старото мултикултурно село стана центар на масовнната улична уметност под името „Ѓербахуд“. За време на одржување на овој фестивал уметниците насликале 150 површини, најмногу ѕидови и влезни врати.

Интересно е што во ова село заедно и во мир живеат муслимани, христијани и Евреи во последните 2.000 години. Целта на овој проект е со помош на уметноста да се приближи идејата за тоа дека е лесно да се живее во мир иако жителите се од различна вера и со различен поглед на свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top