| четврток, 6 декември 2018 |

Што сè можеше да направи леталото што носеше знаме на Голема Албанија?

524377_dron-04_ffИако карактеристиките и можностите на РЦ квадкоптер кој леташе на стадионот на Партизан не може да се сметаат за опасни, настанот создаде перцепција дека обезбедувањето на стадионот е слабо. Српските медиуми направија анализа за какво летало станува збор и на кои начини нејзиното летање можело да биде контролирано или оневозможено.

Квалификацискиот натпревар беше прекинат по влетувањето на радио-контролираниот квадкоптер од марка Фантом, од кинескиот производител DJI Innovations, пишува “TangoSix”.

524376_dron-03_ff

Фантомот носеше знаме на „Голема Албанија“ по чие симнување дојде до тепачка, а потоа натпреварот беше прекиант. Овој „дрон“ е постара верзија 1.1 на компанијата DJI Innovations и важи за еден од најпопуларните производители на пи-си мултикоптери во светот чии летечки објекти се користат за снимање затоа што носат GoPro Hero камери со или без стабилизатори со многу опции и дополнителна опрема. Постарите верзии на Фантом, како онаа што беше користена во Белград може да се купат за цена од 400 евра, а новите чинат преку 700 евра.

Леталото тежи 1 килограм и според спецификациите на производителот може да понесе максимално 1.350 грама корисен товар. Максималната брзина е 15 метри во секунда, а контролорот работи на фрекфенција од 2.4 GHz.

Албанскиот Фантом, според српските медиуми, полетал од црква во близина на стадионот што укажува дека опрецијата била однапред смислена. Ако наводите на медиумите се точни, дека контролоната конзола била во ВИП ложата во која исто така бил и претседателот на Република Србија, импликациите за целосен пропуст во непосредното обезбедување на првиот човек на државата се далекусежни.

Иако е малку веројатно дека ова летало можело да ја загрози безбедноста на присутните во ложата со детонирање  експлозив, негативниот публицитет и перцепцијата дека претседателот е небезбеден, како и потенцијалните опасности што произлегуваат, претставуваат јавен срам за надлежните служби за безбедност на Србија. Многу поверојатно е дека леталото можело да ја загрози безбедноста на другите присутни на стадионот.

Ако се занемари основната заштита – претрес, останува неподготвеноста за соочување со закана, чиишто оперативни можности се добро познати. Познати се сите опции на контрола што се достапни на пазарот и нивниот фрекфентен опсег.

Иако не е познато дали обезбедувањето на претседателот на Србија имало попречувачи на радиофрекфенции и дали тие би се вклучиле кога би се приближило леталот, останува проблем на јавната перцепција и впечаток дека тоа можело да се случи.

Во последните години медиумите за беспилотните летала користат термин „дрон“ иако ова летало не спаѓа во оваа категорија. „Фантомот“ не спаѓа во летало, туку во „летачки објект“, односно станува збор за радиоконтролиран мултикоптер. Терминот „дрон“ е резервиран за поголеми беспилотни системи, најчесто вооружени,  во кои никако не спаѓаат „фантомите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top