УЕФА на официјалниот сајт објави дека е покрената истрага против Фудбалските сојузи на Србија и на Албанија, како и по кои точки ќе одлучува.
Против Фудбалскиот сојуз на Србија е покрената истрага околу палењето и фрлањето на факели (член 16. став 2b i c од Правилникот), неприкладно скандирање од трибините (член 16. став 2х од Правилникот), влез на навивачите на терен (член 16. став 2a од Правилникот, лоша организација (член 16. став 1 од Правилникот) и употреба на ласер (член 16. став 2d од Правилникот).
Против Фудбалскиот сојуз на Албанија подкрената е истрага поради одбивање да се продолжи натпреварот (член 27. став 1 од Правилникот) и поставување на неприкладен транспарент (член 16. став 2e од Правилникот).
Овој случај ќе биде разгледан пред дисциплинските органи на УЕФА на 23. октомври.
По сето што го видовме на стадионот на Партизан јасно е дека двете репрезентации ги чека казна. За одбивање да излезе на терен казната обично е автоматско регистрирање на резултат 3:0 за противникот. Исто така е покрената истрага околу истакнувањето на знамето на голема Албанија, што е сериозен политички инцидент, а УЕФА не дозволува мешање на политика и фудбал. Од друга страна најголемиот проблем на Србија е фактот дека домашните навивачи влегоа на терен во моментот кога дојде до судир на играчи од двете репрезентации. Со оглед на фактот дена ова не е прв испад на српските навивачи Орлите би можеле да се соочат со суспензија на домашен терен или играње без присуство на публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија на 13 октомври го пречекува Лихтенштајн
-
ОЈО по допрен глас отвори истрага: Ќе се гонат тие што пишуваат на Фејсбук за пожарот во Грција
-
Истрага во Србија за македонска надри-лекарка Слаѓана Велков и за Јелена Карлеуша
-
Случај „Јелка Масин“: Ќерката воопшто не била повикана на разговор во Обвинителството