Четири лица се полесно повредени во масовна тепачка меѓу неалбански и албански ученици во гимназијата „25 мај“ во Тузи, Црна Гора пишуваат црногорски Вијести. Тепачаката била испровоцирана од синоќешниот прекинат фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија.

За смирување на ситуацијата морала да интервенира полицијата, а наставата била прекината. Во инцидентот освен ученици учествувале и родители на децата. Полицијата, врз основа на снимките од надзорните камери утврдува кој е одговорен за тепачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


