Радовиш повторно домаќин на манифестацијата „Самун ем татлија“ која е посветена на традиционалните специјалитети кои го отсликуваат Радовиш и кои се симбол на кулинарството на радовишка кујна.
На задоволство на сите граѓани, и оваа година под покровителство на Општина Радовиш, во организација на здружението „Смарт спорт“, посетителите ќе можат да ги вкусат радовишкиот сомун и татлија во деновите 17, 18 и 19 октомври.
Минатата година бевме сведоци на една прекрасна еднодневна манифестација која по својата организираност и со својот музичко-забавен дел, но и по посетеноста ги надмина сите очекувања. Затоа оваа година вашето внимание ќе биде задржано три дена исполнети со богата културно-забавна програма:
Петок, 17 октомври: Најдобрите музички таленти на Радовиш и за крај на првата вечер голем концерт на македонската поп-ѕвезда Елена Ристевска.
Сабота, 18 октомври: Настап на Распеани радовишани, Трио гранде, Бистри извори со Ванчо Тарабунов, Јордан Митев, Уска Кан & Сашо Гигов Гиш и легендите „Хари Мата Хари“.
Специјално за овој настан Хари Варешановиќ, лидерот на групата „Хари Мата Хари“ ни изјави:
– Голема благодарност до организаторите што ме поканија на оваа интересна, забавна и гурманска манифестација, а посебен поздрав до градоначалникот на општина Радовиш, г. Сашко Николов и секако сите мои фанови во Македонија. Со драга волја ја прифатив поканата затоа што секое мое гостување во Македонија било прекрасно, секој пат по концертите сум бил тажен зашто морам да заминам од Македонија, која секогаш ќе ми остане во добро сеќавање. Јас заедно со членовите на мојот бенд, на сите им ветувам дека в сабота забавата ќе биде фантастична, присутните ќе можат да ги чујат сите хитови на Хари Мата Хари и знам дека ќе ги пееме заедно со нашите фанови. И да не заборавиме, обожавам татлии, кои традиционално се подготвуваат и во моето Сараево, ама ова секако ќе биде одлична шанса да пробам и самун. Ах, па македонско вино, знам дека кога доаѓам во Македонија, воопшто не се грижам за две работи, добрата македонска храна и прекрасната забава што ја прават нашите фанови.
Недела, 19 октомври: Соња Тарчуловска, Елена Велевска, Благица Павловска и Сузана Спасовска и Ритам бенд.
Градоначалникот Николов и радовишани се убедени во добрата забава, а радовишките угостители не го кријат оптимизмот дека годинава очекуваат да ја надминат минатогодишната продажба.
Повелете посетете нѐ на 17,18 и на 19 октомври. Диетите може да почекаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст