| четврток, 6 декември 2018 |

Бин: Се чека конечната одлука од УЕФА

Делегатот на натпреварот меѓу Србија и Албанија, Хари Бин, изјави дека сега сѐ е во рацете на Дисциплинската комисија на УЕФА, која ќе ја донесе конечната одлука за казните за двете селекции.

– Ќе бидам многу краток бидејќи жалиме за тоа што се случи. Натпреварот е прекинат, а околностите беа такви за мечот да не може да продолжи. Тоа го видовте и самите. Видовте што се случи. Не можеме да обвиниме никого, ниту да донесеме некако суд, кој е крив, а кој не, одлуката ќе ја донесе Дисциплинската комисија. По сѐ што се случи, јас ќе го пратам извештајот во европската куќа на фудбалот, ви чии раце ќе бидат сите натамошни одлуки – изјави Бин. И покрај тоа што Бин даде дозвола натпреварот да продолжи, албанските фудбалери беа тие што не сакале да излезат на теренот, ниту да се испразни стадионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top