Капитенот на албанската репрезентација Љорик Цана, го истакна коректниот однос на противниците од српската селекција, за време на инцидентот во Белград.
Коларов, Ивановиќ, Лазовиќ и останатите српски репрезентативци се обидоа да ги заштитат албанските фудбалери, што не остана незабележано од камерите на стадионот на Партизан.
„Српските фудбалери беа супер коректни, вистински луѓе. Заштитнички се однесуваа по мечот, а Ивановиќ и пред мечот дојде во соблекувалната и ни рече дека ова е само еден обичен натпревар“, изјави Цана за албанските медиуми.
Капитенот на Албанија откри дека тој сакал мечот да продолжи, но поради повреди на четворица негови соиграчи тоа било невозможно. Не се знае дали и кога ќе продолжи натпреварот што беше прекинат во финишот на првото полувреме на стадионот на Партизан во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.