| четврток, 6 декември 2018 |

Српски анализи: Провокација за дестабилизација против Путин и воената парада

srbija-albanija-1590-640x475Српските медиуми денеска пренесуваат анализи на политиколози кои во вчерашните случувања на фудбалскиот меч Србија- Албанија гледаат „провокација, напад и дестабилизација на Србија“ во организација на „западни сили на кои им пречи воената парада пред Путин и невоведувањето на санкции кон Русија“.

Политичкиот аналитичар Драгомир Анѓелковиќ смета дека е „вмешана албанската држава и некои западни центри од ЕУ, а сето тоа заради најавената посета на претседателот на Русија Владимир Путин на Белград“.

За српскиот сервис РТС посочува дека „не се работи за инцидент туку за систематско планирана и спроведена акција на оние кои се противат на посетата на Путин, на оние кои не сакаат стабилна Србија“. Тоа според него е „обид за поларизација на српското општество, потпалување на судири во Србија и навреда на националниот гордост“.

-Дали во нормални околности и друга држава некој ќе се уфрли неколку пати во камера и така да го навредува и самиот премиер?- прашува Анѓелковиќ.

Тој посочи дека „од друга страна никој нема да ги прозве заради оваа парада на шовинизам од Тетово преку бујановац, Косово и Метохија, до Албанија“.

Политичкиот аналитичар Бранко Радун смета дека „инцидентот е режиран за да се прати порака до Белград дека е можен хаос доколку се организира парада во присуство на Путин“ и дека тоа е напад врз Србија. Зад инцидентот не стои само Албанија, туку и центри на моѓ кои сакаат хаос пред доаѓањето на Путин.

-Ова е невидена провокација со цел дестабилизација на Србија и удар врз властите во Белград- анализира Радун, кој додава дека „некому на запад му пречи тоа што Србија не воведе санкции кон Русија, како и воената парада во присуство на Путин“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top