Албанскиот селектор Џани де Бјази излезе пред новинарите по повеќе од три часа по големиот инцидент што се случи во Белград, што сепак докажува дека информациите дека албанската репрезентација експресно заминала на аеродром не се вистинити. Тој истакна дека четворица фудбалери на Албанија се повредени во инцидентот, а дел од нив се тепани, физички нападнати, дури и во службените простории на стадионот.
„Четворица наши фудбалери се повредени, претепани во мешаницата што се случи по прекинот на мечот. Некои фудбалери се нападнати дури и во службените простории на стадионот. Страшно е се ова што се случуваше, а јасно е дека организацијата на натпреварот е катастрофална“, изјави Де Бјази.
Фудбалерот Беким Балај рече дека немал страв кога се степал за да го одбрани знамето, што го симнаа Стефан Митровиќ и Немања Гудељ.
„Немав никаков страв. Секој би го направил тоа за своето знаме“, изјави Балај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.