Беспилотното летало, или популарно „дрон“, кое е користено за провокација од албанската страна е од марката „фантом 1“, модел „Х6“ и чини од 40 до 600 евра.
Овој модел спаѓа во класата на евтини на пазарот, додека постојат вакви летала чија цена е и по неколку илјади евра.
Ваквите беспилотни летала имаат широка употреба, се користат за фотосесии, за запрашување, па сѐ до воено оружје.
Оваа направа се управува со далечински управувач кој користи четири обични батерии, а максималната брзина е 10 метри во секунда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.