| четврток, 6 декември 2018 |

Во Лондон ќе се гради патека за велосипедисти на реката Темза

Патеката ќе биде изградена на јужниот брег на реката. Патеката има футуристички изглед и е дело на група британски архитекти. Групата ја предводат Дејвид Никсон и Ана Хил

LOndon

Властите во Лондон планираат да изградат велосипедска патека која ќе „плива“ по реката Темза. Проектот е вреден 755 милиони евра.

Целта на лондонските власти е да се намали ризикот од сообраќајни несреќи во кои учестуваат автомобили и велосипедисти на улиците во Лондон.

Патеката ќе биде изградена на јужниот брег на реката. Патеката има футуристички изглед и е дело на група британски архитекти. Групата ја предводат Дејвид Никсон и Ана Хил.

Тимот уште не ги открива деталите за дизајнот на патеката и начинот на кој таа ќе плови на Темза. Ќе биде изградена со приватни пари, а ќе чини 755 милиони евра. Цената на возење по оваа патека ќе чини едно евро и 80 центи.

Патекакта ќе биде опремена со прстапни рампи, киосци, како и сензори кои на основа на сателистските податоци на велосипедистите ќе им дава информации за густината на сообраќајот, реката и временските услови.

Ако биде одобрена изградбата, на патеката за еден час, без проблем ќе може се возат 12 илјади велосипедисти. Оваа патека му е потребна на Лондон, чија популација ќе порасне за 12 отсто во следните 10 години. Возењето велосипед ќе биде полесно и сигурно.

Патеката треба да биде долга 220 километри и ќе има 200 пристипни места.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top