| четврток, 6 декември 2018 |

Олси Рама ја напушти Србија: Имам американски пасош, ништо не ми можете

524339_olsi-rama_ffАмериканскиот државајнин Олси Рама, брат на албанскиот премиер Еди Рама, кој беше приведен синоќа во ВИП ложата на стадионот на Партиза под сомневање дека го управувал леталото на кое беше закачено знаме на Голема Албанија е пуштен на слобода, пишуваат српските медиуми.

– Јас сум американски државјанин и ништо не ми можете – рекол Рама во моментот кога пристигнала полицијата, тврдат очевидци.

Тој бил приведен под сомневање дека го организирал и раководел инцидентот по кој беше прекинат натпреварот во Белград. Кај него е најден далечински управувач со кој лично го управувал беспилотното летало што го носело знамето.

Со Рама биле приведени и другите членови на албанската делегација што седела во ВИП-ложата, но и тие биле пуштени на слобода. Неофицијално, извор на српски „Блиц“ од тамошното МВР тврди дека делегацијата е пуштена затоа што не можело да им се обезбеди адвокат поради штрајкот на адвокатите. Истиот извор рекол дека дополнително ќе се одлучи како ќе се постапи во случајот. Албанската делегација го напуштила стадионот и заминала на аеродромот „Никола Тесла“ од каде што заминала за Тирана.

Полициските информации се дека леталото било пуште од црквата во Хумска улица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top