| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО прогласува крај на епидемијата на ебола во Сенегал и Нигерија

ebola opstaСветската здравствена организација (СЗО) соопшти дека донела одлука да прогласи крај на епидемијата на ебола во Сенегал и Нигерија, јави ДПА.

– Активното следење ќе продолжи и ако не биде регистриран ниту еден нов случај на ебола, СЗО ќе може да прогласи крај на епидемијата во Сенегал на 17 октомври, бидејќи ќе минат 42 дена последниот регистирран случај на болеста. Истото важи и за Нигерија на 20 октомври, се наведува во соопштението на Организацијата.

СЗО информира и дека донела одлука да ги подели земјите погодени од смртоносниот вирус на ебола во две групи. Во првата група се Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, додека во втората се Нигериа, Сенегал, САД и Шпанија.

Податоците за епидемијата во Нигерија и Сенегал веќе подолго време се непроменети, со вкупно 20 заболени, од кои осум починаа во Нигерија и еден во Сенегал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top