Српската војска одржа генерална проба за воената парада закажана за 16 октомври, по повод 70- годишнината од ослободувањето на Белград во втората светска војна и 100- годишнината од Големата војна. Во организација на парадата учествуваат четири илјади војници, додека во парадата ќе учествуваат околу три илјади војници од пешадијата, воздухопловството, моторизираниот ешалон, речната морнарица.
Покрај падобранската единица, ќе бидат претставени и оклопните возила, тенковитем артилериското оружје, ракети, борбени возила , носачи на понтонски мостови, додека ќе надлетува воената авијација.
За крај се најавени Стрижи, руската авиоакробатска група, подарок од рускиот претседател Владимир Путин, кој ќе биде присутен на парадата.
Медиумите во пресрет на оваа парада нагласуваат дека Србија во моментот има најголема воена сила во регионот. Има најголем број на тенкови и авиони, а со купувањето на руските мигови „ќе господари со балканското небо“. Споредено со Хрватска и Словенија, земјата има три до четири пати поголема „ударна сила“
Според информациите, Србија е воено неутрална, членка на Партнерството за мир и посматрач во „Руското НАТО“. Има 80 авиони и 272 тенкови.
Словенија е членка на НАТО, има 24 авиони и 54 тенкови;
Хрватска е членка на НАТО, има 32 авиона и 86 тенкови;
Бугарија е членка на НАТО, има 70 авиони и 86 тенкови;
Романија е членка на НАТО, има 55 авиони и 300 тенкови;
БиХ е член на Партнерството за мир, има 19 авиони и 188 тенкови;
Црна Гора е член на Партнерството за мир, има 4 авиони, нема тенкови;
Македонија е член на Партнерството за мир, има 31 тенк, нема авиони;
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


