| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовната приказна на Наполеон и Антозија

magarci-1Магаре и магарица во една полска зоолошка градина биле лудо вљубени, но биле разделени затоа што константно имале секс. Сега тие повторно се заедно откако на социјалните мрежи граѓаните потпишувале петиции и имало различни апели.

Тој се вика Наполеон, а таа Антозија. Десет години биле лудо вљубени, но нивниот љубовен занес им пречел на мајките кои ги носеле децата во зоолошката градина и целиот проблем стигнал пред локалната власт. На крај го убедиле директорот на зоолошката да ја раздели вљубената двојка.

Верувале или не, случајот станал една од главните вести во Полска. Веста била објавувана по весници и на телевизии. Речиси 10 илјади луѓе се потпишале на е-петиција за повторно да ја спојат вљубената двојка и успеале во намерата.

Наполеон некое време ја гледал својата сакана само преку оградата, но повторно ја дочекал, а управникот на зоолошката на сите им се извинил и изјавил дека, сепак, не требало да попушти на притисокот.
magarinja 2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top