| четврток, 6 декември 2018 |

По шест месеци дознала дека се секса со својот полубрат

Лудиот одмор на една Американка и завршил полудо од што мислела. Таа со друштво заминала на Бахамите. Запознала момче со кое останала во врска шест месеци. По шест месеци дознала дека нејзиното момче ќарено на Бахамите и е полубрат. Сфатила дека имала секс со човек со кој имаат исти татко. 

Таткото на девојката имал тајна врска која до тогаш ја криел успешно од својата фамилија. Тоа го дознала кога решила да го запознае своето момче со своите родители. Момчето на врата го здогледал сопствениот татко.
Незгодната ситуација го натерала таткото да признае дека има уште една фамилија во друга американска сојузна држава, сопруга, син и две ќерќи и дека за тоа знаел само неговиот брат. Девојката, веднаш ги прекинала сите односи со дечкото, почнала да посетува психотерапија и изјавила дека нејзината мајка се разведува од лажливиот сопруг.
-Одново се учам на верување, и можеби еден ден ќе успеам пак да бидам во врска. Бев свесна дека мојот татко е привлечен за многу жени, ама никогаш не ми паднало на памет дека има друго семејство – изјавила девојката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top