Жените како Маргарет Тачер, Индира Ганди и Беназир Буто се дел од историјата затоа што постигнаа нешто и покрај родовата нерамноправност.
Кои се жените што денес владеат во светската политика?
Ангела Меркел, канцеларка на Германија
На чело на Германија веќе 10 години е жена – канцеларката Ангела Меркел. Таа не крие дека во младоста имала проблем бидејќи е жена и оти нејзиното знаење и умеењето често биле омоловажувани бидејќи таа е жена. Таа е втора жена во светот, по Маргарет Тачер, која е на чело на Г8.
Елен Џонсон Серлиф, претседателка на Либерија
Елен Џонсон Серлиф на 16 јануари 2006 година стана претседателка на Либерија и прва жена-претседател во Африка. Пред тоа таа беше министерка за финансии и работела во неколку меѓународни економски институции пред да победи на претседателските избори. Во 2011 година таа го освои и вториот претседателски мандат. Елен во 2011 година доби и Нобелова награда за мир.
Хеле Торин Шмит, премиерка на Данска
Покрај тоа што е исклучитлено образована и успешна, Хеле Торин е и атрактивна, па предизвика скандал кога се сликаше со Барак Обама на комеморацијата на Нелсон Мендела. Потоа се шушкаше дека Обама токму поради неа ќе се разведувам, но таа ги демантира тие информации и живее повлечено во Копенхаген со мажот и со двете ќерки. Таа стана премиерка во 2011 година и е прва жена во Данска на таа позиција.
– За моите ќерки, мојот избор е голема работа. Тоа им покажува дека може да мечтаат за која било функција – изјави Шмит.
Кристина Киршнер, претседателка на Аргентина
Вдовицата на некогашниот претседател на Аргнетина, Нестор Киршнер, Кристина, е на чело на оваа држава од 2007 година. Таа е втора жена во Аргентина која се наоѓа на оваа позиција, по Изабел Мартинез де Перон. Но, Кристина е прва претседателка која на оваа функција дошла по пат на избори. Во 2011 година почна нејзиниот втор мандат. Медиумите ја нарекуваат и кралица на ботоксот.
Хасина Вазед, премиерка на Бангладеж
Претседателката на Владата на Бангладеж, Шсик Хасина Вазед, на оваа функција се наоѓа од 2009 година, а со политика се занимава од 1960 година. Нејзиното семејство го убиле членовите на војската на Бангладеж, а до 1981 година таа живеела во Индија.
Дилма Русеф, претседателка на Бразил
Ја нарекуваат бразилската Челична Леди и е на второто место на листата на „Форбс“ за најмоќни жени во 2013 година. Таа во 2011 година стана прва претседателка на Бразил, а оваа година сите очи на светот беа вперени во неа бидејќи Бразил беше домаќин на фудбалското Светско првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.