| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока битка меѓу Курдите и џихадистите во Сирија

Жестока битка се водеше денеска меѓу исламските џихадисти и курдските борци во близина на турската граница, северно од опколениот сириски град Кобани.

sirija

Судирот претставува закана да се оневозможи патувањето од Кобани до турската граница и да се блокира преминот преку кој досега околу 200 илјади бегалци од тој град најдоа засолниште во соседна Турција.

Судирот, во кој се разменуваше оган од автоматско оружје и се слушаа истрели од гранати, се случил во областа на помалку од еден километар од оградата со бодликава жица, со која се одбележува границата меѓу Сирија и Турција.

Во меѓувреме, коалицијата, која ја предводат САД, изврши најмалку два нови воздушни напади врз позиции на џихадистичката групација Исламска држава во Кобани и околу него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top