
Белата куќа и Пентагон, веројатно, ќе пристапи кон реализација на првите фази на планот на копнената операција против радикалните групи на „Исламската држава“ во Сирија и Ирак.
Бидејќи претходно американскиот претседател Барак Обама вети дека нема да праќа во Ирак американски трупи, во неа треба да учествуваат само припадници на умерената сириска опозиција, како и ирачки сунитски групации и племенски одреди.
Неофицијално во Пентагон овој план веќе го нарекуваат Сунитско будење или Sunnit Awakening, според аналогијата со кампањата за вклучување на сунитски групи и племенски полиции во Ирак од 2005 до 2007 година, за борба против терористите на Ал Каеда. Според податоците на американските весници, во регионот веќе заминал главниот претставник на Вашингтон, за координација на борбата против Исламската држава, пензионираниот генерал на морнаричката пешадија Џон Ален.
Истовремено Пентагон објави дека ќе обучува лојални сириски востаници за делување против Исламската држава. Бидејќи е бесмислено да се подготвуваат војници без оружје, за групациите на сириската опозиција ќе почнат нови испораки на оружје. Треба да се забележи дека првпат со таква обука ќе се занимава токму инструктор од Пентагон. До сега тоа беше компетенција на ЦИА. Меѓу другото, главниот шпионски ресор на САД воопшто не се откажува од својата програма за обука на терористи на сириската опозиција. Едноставно сега двете обуки ќе работат паралелно.
Кон крајот на септември претседателот Обама веќе потпиша закон за издавање на 500 милиони долари за подготовка и вооружување на умерената сириска опозиција. Во рамки на тие подготовки ќе се школуваат над 5000 терористи годишно. Пентагон не објавува каде се сместени камповите за обука. Но, ако се земе дека камповите на ЦИА порано делуваа во Јордан, лесно може да се претпостави дека постоечката логистика овозможува таму да се отворат центрите за обука на Пентагон. Како земји каде можат да бидат сместени кампови се наведуваат и Саудиска Арабија, Катар или Јемен.
Победата над Исламската држава може да биде достапна само преку координација на напорите на целата светска заедница, а не со сомнителни операции под заштита на САД, вели експертот на Центарот за Среден Исток од Институтот за ориенталистика РАН Ирина Фјодорова.
Ова е уште една непромислена иницијатива на САД. Исто беше кога тие ја основаа Ал Каеда. И тие вмешаа прсти во создавање на Исламската држава, која се бореше против претседателот Башар Асад во Сирија. Сенаторот Џон Мекејн поранешен кандидат за претседател на САД, се состануваше со актуелниот раководител на Исламската држава уште во 2013 година на територијата на Сирија. Хилари Клинтон уште како државен секретар на САД, се состануваше со некои водачи на групи во Турција. Политиката на двојни стандарди не носи ништо добро. Како ни политика на контролиран хаос, кој сега веќе за жал стана неконтролиран.
Поранешниот шеф на Пентагон Леон Панета во интервју за весникот USA Today изјави дека цела политика на Обама во Ирак и Сирија е грешка до грешка. Тој смета дека војната против Исламската држава ќе трае уште 30 години. Според него, повлекувањето на трупите од Ирак во 2011 година отвори вакуум на безбедноста, а бројноста на терористите во земјата е многу зголемена. Леон Панета, вистина, не кажа дека најголема грешка беше нападот на САД на Ирак во 2003 година под лажен изговор за барање на оружје за масовно уништување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


