| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден пораз за македонските ракометарки

Germany vs Macedonia
Женската ракометна репрезентација на Македонија, по втор пат е поразена од селекцијата на Италија во квалификациите за Светското првенство 2015 година.

Дека поразот во Скопје пред три дена (20:23) не бил случаен, се потврди и на денешниот натпревар одигран во Гросето во кој италијанските ракометарки беа подобри од нашите со 27:22.

Избраничките на селекторот Ристо Магдинчев во ниту еден момент од натпреварот не успеаја да остварат предност иако на 13 минути до крајот при резултат 18:18 имаа две можности за тоа.

Италија предводена од Кристина Ѓорѓе која постигна 10 и Ирена Фантон која придодаде 6 голови, сосема заслужено ја остварија втората победа против Македонија. Во нашата селекција најефикасни беша: Душица Ѓеоргиевска и Робертина Мечевска кои постигна по 5, а Елена Георгиевска и Зорица Деспотовска по 4 голови.

Со овој пораз нашите ракометарки на теорија ги сведоа шансите за евентуално освојување на првото место во групата во која е и репрезентацијата на Исланд, против која црвено-жолтите ќе играат на 3 и 6 декември, прво во Рејкјавик, а потоа во Скопје.

Потсетување, дека само првопласираната репрезентација ќе обезбеди пласман во баражот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top