| четврток, 6 декември 2018 |

Камерата причина за несреќата на Шуми

Šumaher

Камерата која била поставена на кацигата на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер е причината за тешката повреда здобиена на скијање во Франција. Оваа информација ја лансираше францускиот новинар Жан – Луи Монс.

-Разговарав со Мик Шумахер, кој ми потврди дека состојбата на неговиот татко од ден на ден е се подобра. Тој се буди, тоа е одлична вест за сите, можеби будењето е побавно од очекувањата, но најважно е што слушаме позитивни работи за легендата.Мик ми кажа дека повредата е толку сериозна поради камерата што Шуми ја носел на шлемот за да се снима додека скија. Токму од таа камера се здобил со најтешките повреди на главата – открива Монс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top