Тројца риболовци од Албанија навлегле во македонскиот дел од Охридско Езеро. Биле забалежани од езерска полиција, по што веднаш ги фрлиле уловените риби, но не успеале да побегнат.
Вчера, соопшти МВР, во акција на охридската полициска станица за граничен надзор, во македонските територијални води, во близина на селото Трпејца, во незаконски риболов се затекнати Д.Д. (20), Н.Д (20) и А.А. (44), сите од Поградец, Р Албанија. Истите, околу 13 часот нелегално ја преминале водената гранична линија на македонско-албанската државна граница и на околу три километри на македонска територија почнале незаконит риболов со ловни мрежи и метални канџи. Забележувајќи го полицискиот глисер, тројцата рибари од нивниот пловен објект успеале да се ослободат и да ги отпуштат рибарските мрежи, притоа во водите исфрлиле и поголема количина уловена риба. При извршениот преглед, во пловниот објект на рибарите се пронајдени 37 парчиња охридска белвица, две метални канџи и друга рибарска опрема. Овие предмети, заедно со пловниот објект се одземени. Против тројцата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија