Македонски владин економски тим, предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски, ги презентира условите за инвестирање и водење бизнис во Македонија на бизнис форум во Далас, САД, пред претставници на голем број компании од областа на информатички технологии, финансиски и аутсорсинг услуги.
Македонската делегација, во чиј состав се и министрите за странски инвестиции Веле Самак и Џери Наумоф, извршниот директор на ДТИРЗ Виктор Мизо и економскиот промотер Васко Давидовски, одржа и поединечни средби со раководството на низа компании, кои се заинтересирани за проширување на своите производствени капацитети на територијата на Европа, соопшти Кабинетот на вицепремиерот Владимир Пешевски.
Дeлегацијата, според соопштението, имала состаноци со извршните директори на една од најголемате ауторсинг компаниии од овој регион, со 35 оперативни единици (ауторсинг единици и кол- центри) во САД, Европа и Азија, како и со високи претставници на најголемата компанија за развој на проекти со недвижнини со операции во САД, Мексико, Канада и Обединети Арапски Емирати.
Според Пешевски, бизнис форумот е реализиран успешно. Далас е град каде има има значителен број производствени компании со глобални операции, а особено важно е што покрај бизнис форумот имаше можност да се остварат директни средби со менаџерските тимови на повеќе глобални компании и детално да се презентираат предностите за лоцирање на нивни производствени капацитети во Македонија.
– Овој вид средби, имаат за цел да им овозможат на претставниците на компаниите директно и детално да се запознаат со инвестициските можности и предности кои ги нуди Република Македонија, во однос на своите конкуренти на глобалниот пазар, соопштуваат од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.