Иран и Русија ќе создадат заедничка банка за финансирање на трговски и економски проекти меѓу двете земји, изјави денеска директорот на Иранско-руската стопанска комора Асадола Асгаролади, јави ИТАР-ТАСС.
– Во Техеран и во Москва сега се разработува можноста за отворање ново поглавје во односите меѓу двете земји, што ќе исклучи доминација на западните валути во трансакциите меѓу Русија и Иран. Бидејќи руските банки засега се воздржуваат да работат со Иран поради санкциите на Западот, бараме да основаме заедничка руско-иранска банка со поддршката на нашите централни банки и приватниот сектор- посочуваат од таму.
Новата банка ќе може да врши размена на нашите валути и на тој начин нема да има потреба да ги вршиме трансакциите во долари, евра или британски фунти, додаде претседателот на Иранско-руската стопанска комора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


