
Татко и син од струшко Велешта биле уапсени поради лихварство.
Полициската станица во Струга соопшти дека поднеле кривична пријава за М.С.(47) и за неговиот син А.С.(22), двајцата од село Велешта, за кривични дела изнуда и лихварство.
Во март 2012 година, К.Д. од Струга од другиот син на М.С.(со исти иницијали А.С. како второпријавениот), зајмил парични средства во износ од 4.000 евра со исплата на камата од 15 проценти месечно, по што К.Д. за период од два месеци на А.С. му вратил 8.800 евра. Бидејќи А.С. во јуни загинал во сообраќајна незгода, а за подмирениот долг не бил потпишан никаков документ меѓу истите, од страна на пријавените во периодот од јули 2012 година до февруари 2013 година, со сериозни закани по животот барале К.Д. да им исплати 11.000 евра, п што случајот бил пријавен во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


