| четврток, 6 декември 2018 |

Автобусите на ЈСП мета на хулигани – истепани малолетници и оштетени стакла во серија инциденти

Четворица тинејџери се истепани, а два автобуси на ЈСП „Скопје“се оштетени со камења во серија инциденти што се случиле во текот на вчерашниот ден.

Вчера околу 19.10 часот на булевар Крсте Мисирков во автобус на ЈСП со број 9, шест до седум непознати лица ги нападнале Е.А.(16) и неговата другарка К.А.(17), удирајќи ги со тупаници по телата, од што на Е.А. му нанеле видливи повреди.

Дваесетина минути подоцна, на улицата Цветан Димов, на автобуската постојка кај „Јаја- паша“, А.Р. (17) откако се симнал од автобус на ЈСП со број 9, бил физички нападнат од четири-пет непознати лица.

Во текот на вчерашниот ден е пријавен напад на малолетник и во АСУЦ „Боро Петрушевски“. По завршување на големиот одмор во 9.20 часот, пет до шест непознати лица го истепале ученикот Н.П.(17) од село Миладиновци, при што му биле нанесени видливи повреди.

Вчера вечерта, двајца возачи на ЈСП пријавиле дека автобусите што ги управувале биле каменувани од непознати. Едниот автобус бил оштетен од камен на улицата Првомајска, во населбата Пинтија, а другиот бил каменуван кај поликлиниката „Бит-пазар“, при што било оштетено предното ветробранско стакло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top