| четврток, 6 декември 2018 |

Млада тетовчанка нападнала крадец

krazba vizbegovo

Дваесет и шестгодишна тетовчанка А.С. го нападнала крадецот што сакал да го ограби маркетот „Кипер“ , во периодот кога таа била на работното место.

Грабежот се случил вчера во 21 часот кога во маркетот немало купувачи.

Разбојникот со закана со пиштол се обидел да го земе дневниот промет од продавачката, но не очекувал дека таа ќе покаже храброст и ќе му се спротивстави. Тетовчанката искористила погоден момент и го турнала крадецот на земја, но тој успеал да избега, а при тоа, иако не го зел дневниот промет од маркетот, успеал да ѝ го земе паричникот на вработената. Во него имало 1.400 денари.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top