| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно врие во Лазарат, нападнати полицајци

Состојбата во јужното албанско село Лазарат сè уште е тензична, откако, пред два дена, полицијата, која сè уште е во селото, била нападната со тврди предмети од ученици и од жители на селото.

berberi

Според албанското Министертво за внатрешни работи, полицајците биле нападнати од повеќе групи, предводени од жители на селото, блиски роднини на претходно уапсените за време на големата акција на уништување на марихуаната во ова село, реализирана во летото.

Разулавените групи искршиле неколку полициски возила, а повредиле и тројца полицајци.

Нападната била и новинарската екипа на телевизијата „Њус 24“, а репортерот Ери Мучо е погоден
со камен. Заради организирање и учество во нападите врз полициски службени лица приведени се девет жители на селото. Според последните информации, состојбата е сè  уште напната, а присуството на полицијата е зголемено.

Селото Лазарат до пред неколку месеци беше познато по производство на марихуана и го носеше епитетот фабрика за марихуна. Во големата акција беа уништени околу 200 тони марихуана и неколку стотици илјади стебла и садници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top