
Потпишан е договор со конзорциум од шпанската фирма „Типса“ и француската „Луи Берже“ за изведбениот проект и дизајн за изградба на пругата Кичево – Лин, граница со Албанија, дел од Коридорот 8, информира денеска директорот на МЖ
Инфраструктура Ирфан Асани.
Изработката на проектот треба да почне на 15 овој месец, а да биде завршена за 22 месеци.
Според Асани, во првата фаза за инфраструктурата ќе се пристапи кон експропријација на земјиштето, а ќе почне и постапката за објавување повик за заинтересираните компании за учество во градежните активности.
За изградбата на пругата Кичево – Лин, во должина од околу 60 километри, според првичните проценки на надлежните институции, се потребни околу 350 милиони евра, а изработката на проектите, според Асани, треба да даде точен износ на инвестицијата.
Кичево-Лин е неизградениот дел од западната железничка траса на Коридорот 8 кој ги поврзува Црното Море, Бугарија, Македонија, Албанија и Италија. На источниот дел од Коридорот 8 во тек се градежни активности за обнова и изградба на пругата Куманово –
Белјаковце. За комплетирање на тој дел е потребна изградба и на делниците Белјаковце – Крива Паланка и Крива Паланка – граница со Бугарија. Плановите се железничкиот дел од Коридорот 8 да биде завршен до 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент


