| четврток, 6 декември 2018 |

Децата од Домот „11 Октомври“ за патрониот празник се дружеа со донаторите за изградба на ботаничка градина

Децата од Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“, по повод патрониот празник, подготвија храна и скара за донаторите кои дадоа средства во десетдневната кампања за собирање средства за изградба на ботаничка градина во дворот на Домот. На сите што донираа за изградба на градината, како и на поддржувачите на Домот кои донираат во текот на целата година, им беа врачени благодарници како гест со кој им се оддава признание за нивната хуманост и добрина.

IMG_0153

– Задоволни сме и навистина изненадени од големиот одзив на донатори за акцијата за собирање средства за изградба на ботаничка градина за децата, на кои од срце им благодариме. Веруваме дека ова ниво на поддршка ќе продолжи и во иднина бидејќи сите заинтересирани ќе можат да донираат за изградбата на градината и во следниот период. Дополнително, за сите оние кои постојано ни помагаат, можам само да им честитам за нивната доблест, добрина и отворено срце. Навистина, ви благодариме – изјави Ристенка Атанасовска, директорка на Домот „11 Октомври“.

IMG_0180

Дечињата ги посети и со нив се подружи и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претставници на Министерството за земјоделство, кои ќе донираат семиња за новата ботаничка градина, како и голем број компании кои донираа средства во кампањата.

IMG_0284

IMG_0116

IMG_0236

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top