Туристичките власти на Малдиви планираат 23 нови хотелски комплекси, со три и со четири звезди и 2.100 кревети. Целта е да привлечат туристи со поскромен туристички буџет на островите во Индиски Океан. Планирано е изградбата да почне кон крајот на годинава на двата досега ненаселени острови Тумбури и Хулхиандхо. Комплексите на овие два острова, кои ќе бидат поврзани со мост, се очекува да бидат завршени до крајот на 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.