Во Загреб е отворено првото антикафуле, „Лутајучи сат“, каде што сè е бесплатно, освен времето поминато таму.
Како што пишува на почетната страница на кафулето, „кафето, чајот и колачињата се вклучени во цената, а услугата е всушност самопослуга, така што не мора да го викате келнерот“.
На влезот добивате картичка, а плаќате на излезот, и тоа 20 липи за една минута за членовите, односно 25 липи по минута за нечленовите, што значи дека еден час поминат во „Лутајучи сат“ ќе чини 12, односно 15 куни (околу две евра).
Просторот е поделен на три простории: кујна, дневен престој и таван, а тука е и терасата на која е дозволено пушење.
– Однесувајте се како да сте дома или кај добар пријател. Сместете се во фотелја, просурфајте на лап-топ или одиграјте социјална игра. Дружете се или читајте книга. Можете дури да ги организирате и сопствените настани, од социјалните игри до предавања или едукации – велат од кафулето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


