Уште една страшна сообраќајна несреќа ја потресе Македонија. Тинејџер го загуби животот денеска во 13 часот на регионалниот пат Кичево-Осломеј, откако управувајќи мотоцикл марка „јамаха“ директно се судрил во задниот десен дел од патничко моторно возило „фијат добло“со кичевски регистарски ознаки. Се работи за 19-годишниот Луан Т. од Кичево, кој за жал починал на самото место.
На местото на тешката сообраќајна незгода во тек е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Кичево, како и на полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај, а сообраќајот е во застој
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.