| четврток, 6 декември 2018 |

Неделков: Платите во образованието да бидат според реалните можности на буџетот

Кол­ка­во би би­ло ба­ра­ње­то за зго­ле­му­ва­ње на пла­ти­те би се утвр­ди­ло врз ба­за на ар­гу­мен­ти од на­ша стра­на и ви­стин­ски­те (ре­ал­ни­те) мож­но­сти од ас­пект на бу­џе­тот на др­жа­ва­та, ама ќе по­вто­рам, не со за­ме­на на ре­ал­ни­те ар­гу­мен­ти со по­ли­тич­ки

Пре­тсе­да­те­лот на Син­ди­ка­тот за обра­зо­ва­ние, на­у­ка и за кул­ту­ра, Ја­ким Не­дел­ков, ги отфр­ла шпе­ку­ла­ци­и­те де­ка штрај­кот е од­ло­жен под при­ти­сок на вла­ста и изра­зу­ва на­деж де­ка во пре­го­во­ри­те со МОН ќе се нај­де ком­про­мис за отво­ре­ни­те пра­ша­ња за пла­ти­те, ко­ле­ктив­ни­те до­го­во­ри и за за­ко­ни­те за ос­нов­но и за сред­но обра­зо­ва­ние. Не­дел­ков наг­ла­су­ва де­ка СОНК го под­др­жу­ва ек­стер­но­то те­сти­ра­ње и де­ка не се за­ла­га за уки­ну­ва­ње на каз­ни­те, ту­ку ба­ра да се из­гра­ди здрав си­стем на ре­ал­но вред­ну­ва­ње на тру­дот на ра­бот­ни­ци­те, спо­ред кој не­ма да има са­мо каз­ну­ва­ње, ту­ку и на­пре­ду­ва­ње во ка­ри­е­ра­та.

 

По сред­ба­та во Ми­ни­стерс­тво­то за обра­зо­ва­ние СОНК оце­ни де­ка раз­го­во­ри­те би­ле кон­стру­ктив­ни, по што до­не­се од­лу­ка да го ста­ви штрај­кот во ми­ру­ва­ње. Ка­кви ве­ту­ва­ња до­би­вте од над­леж­но­то ми­ни­стерс­тво?
Неделков: Да, точ­но е де­ка на­ша­та оцен­ка бе­ше де­ка раз­го­во­ри­те во МОН беа кон­стру­ктив­ни, ка­де што ги отво­рив­ме си­те пра­ша­ња што ги до­ста­вив­ме во Ми­ни­стерс­тво­то за обра­зо­ва­ние и на­у­ка по­о­дам­на. Ве­ту­ва­ње­то од Ми­ни­стерс­тво­то бе­ше де­ка во нај­кра­ток вре­мен­ски пер­и­од тре­ба да про­дол­жи со­ци­јал­ни­от ди­ја­лог ме­ѓу МОН и СОНК и да се нај­дат при­фат­ли­ви ре­ше­ни­ја за две­те стра­ни.

По одр­жа­на­та сред­ба во МОН имав­ме сед­ни­ца на Со­ве­тот на СОНК на ко­ја се рас­пра­ва­ше по ин­фор­ма­ци­ја­та за ра­бот­на­та сред­ба ме­ѓу СОНК и МОН, сед­ни­ца што тра­е­ше не­кол­ку ча­са и на ко­ја со надг­ла­су­ва­ње се до­не­се од­лу­ка­та штрај­кот да се ста­ви во ми­ру­ва­ње.

 

Има­ше ли нап­на­ти мо­мен­ти во пре­го­во­ри­те? Точ­ни ли се ин­фор­ма­ци­и­те де­ка сте има­ле при­ти­со­ци при пре­го­во­ри­те?
Неделков: Ка­ко што спо­ме­нав прет­ход­но, раз­го­во­ри­те по­ми­наа во ко­рект­на ра­бот­на ат­мо­сфе­ра, се раз­би­ра, без ни­ка­кви при­ти­со­ци. При­ти­со­ци­те врз членс­тво­то и ра­ко­водс­тво­то на СОНК беа во из­ми­на­ти­от пер­и­од од не­кол­ку не­де­ли, отка­ко ја до­не­сов­ме од­лу­ка­та за штрајк.

 

Од­лу­ка на вла­да­та за по­ка­чу­ва­ње на пла­ти­те за че­ти­ри про­цен­ти ги оп­фа­ќа и про­фе­со­ри­те. Кол­ку ба­ра СОНК да из­не­су­ва пла­та­та на про­свет­ни­те ра­бот­ни­ци?
Неделков: Да, вла­да­та оваа го­ди­на пла­ни­ра зго­ле­му­ва­ње за че­ти­ри про­цен­ти на пла­ти­те за бу­џет­ски­те ко­рис­ни­ци, ка­де што спа­ѓа­ат и про­фе­со­ри­те. Ова зго­ле­му­ва­ње е во 2014 го­ди­на, но во на­ше­то ба­ра­ње стои да поч­нат пре­го­во­ри за зго­ле­му­ва­ње на пла­ти­те во обра­зо­ва­ни­е­то што ќе поч­не со ре­а­ли­за­ци­ја во 2015 го­ди­на. Кол­ка­во би би­ло ба­ра­ње­то за зго­ле­му­ва­ње на пла­ти­те, би се утвр­ди­ло врз ба­за на ар­гу­мен­ти од на­ша стра­на и ви­стин­ски­те (ре­ал­ни­те) мож­но­сти од ас­пект на Бу­џе­тот на др­жа­ва­та, ама ќе по­вто­рам, не со за­ме­на на ре­ал­ни­те ар­гу­мен­ти со по­ли­тич­ки.

 

Мо­же­те ли по­кон­крет­но да ги об­јас­ни­те Ва­ши­те дру­ги ба­ра­ња во од­нос на ре­ша­ва­ње на ко­ле­ктив­ни­те до­го­во­ри и ре­ви­ди­ра­ње на за­ко­ни­те за ос­нов­но и за сред­но обра­зо­ва­ние?
Неделков: Акту­ел­ни­те за­ко­ни за ос­нов­но и за сред­но обра­зо­ва­ние со­др­жат одред­би што нав­ле­гу­ва­ат дла­бо­ко во со­ци­јал­на­та сфе­ра на на­став­ни­ци­те и на про­фе­со­ри­те. Име­но, ние ба­ра­ме МОН вед­наш да ја за­пре при­ме­на­та на каз­ну­ва­ње и на на­гра­ду­ва­ње на на­став­ни­ци­те врз ос­но­ва на ре­зул­та­ти­те од ек­стер­но­то оце­ну­ва­ње на уче­ни­ци­те, ка­ко и по­ве­ду­ва­ње по­стап­ка за из­ме­на на за­кон­ско­то ре­ше­ние во овој дел. На­ше­то дла­бо­ко убе­ду­ва­ње е де­ка ва­кви­от на­чин на вред­ну­ва­ње на ра­бо­та­та на на­став­ни­ци­те е не­со­од­ве­тен, со мно­гу не­до­ста­то­ци, а спо­ред тоа и не­ре­а­лен. Ек­стер­но те­сти­ра­ње да, ама за дру­га цел.

Не­оп­ход­но е ре­ви­ди­ра­ње на каз­не­ни­те одред­би од по­стој­ни­те за­ко­ни за ос­нов­но­то и за сред­но­то обра­зо­ва­ние. Во овие за­ко­ни се пред­ви­де­ни па­рич­ни каз­ни, кои во­оп­што не се со­од­вет­ни ни­ту на за­ко­ни­те, ни­ту на те­жи­на­та на „на­пра­ве­ни­от пре­кр­шок“, ни­ту, пак, на ви­си­на­та на пла­ти­те во деј­но­ста обра­зо­ва­ние. Спо­ред ос­нов­ни­от за­кон за ра­бот­ни­ци­те, За­ко­нот за ра­бот­ни од­но­си, нај­ви­со­ка­та каз­на за ра­бот­ник е 15 про­цен­ти од пла­та најм­но­гу до шест ме­се­ци. Во обра­зо­ва­ни­е­то каз­на­та е за­кон­ски уд­во­е­на, од­нос­но на­став­ни­кот, спо­ред ре­зул­та­ти­те од ек­стер­но­то те­сти­ра­ње, ќе би­де каз­нет 15 про­цен­ти од пла­та­та це­ли 12 ме­се­ци. Се по­ста­ву­ва пра­ша­ње­то да­ли на­став­ни­ци­те се по­себ­на гру­па ра­бот­ни­ци во др­жа­ва­та, за кои ќе ва­жат по­себ­ни за­ко­ни, за­ко­ни што па­рич­но ќе ги каз­ну­ва­ат, во про­сек, по не­кол­ку пла­ти, без во­оп­што да се во­ди сме­тка што зна­чи во­оп­што каз­нет на­став­ник или на­став­ник ста­вен на „ли­ста­та на сра­мот“, сра­мот што ќе го има пред очи­те на сво­и­те уче­ни­ци, ро­ди­те­ли, се­мејс­тво­то…

Да се раз­бе­ре­ме, СОНК во­оп­што не се за­ла­га да не­ма каз­ну­ва­ње, на­про­тив, се за­ла­га за гра­де­ње еден здрав си­стем за ре­ал­но вред­ну­ва­ње на тру­дот на ра­бот­ни­ци­те, ка­де што ќе би­дат оп­фа­те­ни по­ве­ќе па­ра­ме­три што ќе вли­ја­ат врз оце­на­та на ква­ли­те­тот на ра­бо­та­та, па, спо­ред тоа, не­ма да збо­ру­ва­ме са­мо за каз­ну­ва­ње, ту­ку и за на­гра­ду­ва­ње и за на­пре­ду­ва­ње во ка­ри­е­ра­та.

Исто та­ка, СОНК ба­ра вед­наш да се по­ве­де по­стап­ка за пов­ле­ку­ва­ње на нај­но­ви­те из­ме­ни на за­ко­ни­те за ос­нов­но­то и за сред­но обра­зо­ва­ние, осо­бе­но во де­лот на огра­ни­чу­ва­ње на пра­во­то на штрајк и ле­гал­но во­ве­ду­ва­ње штрајк­бре­херс­тво за вре­ме на штрајк.

 

Jakim-Nedelkov-int109-2

Сме­та­те ли де­ка до­бро го од­бра­вте вре­ме­то за штрајк во од­нос на мож­но­ста да изв­ле­че­те ма­кси­мум од Ва­ши­те ба­ра­ња, со ог­лед на тоа де­ка др­жа­ва­та во мо­мен­тов е во по­ли­тич­ка кри­за, а вла­ста е на­со­че­на кон по­круп­ни по­ли­тич­ки пра­ша­ња од кои за­ви­си из­ве­шта­јот на ЕК за на­пре­до­кот на др­жа­ва­та?
Неделков: На­ши­те актив­но­сти на­со­че­ни кон ре­а­ли­за­ци­ја на на­ши­те ба­ра­ња поч­наа од мно­гу по­о­дам­на, а не од пред еден или два ме­се­ца. Име­но, уште на по­че­то­кот на оваа ка­лен­дар­ска го­ди­на имав­ме се­ри­оз­ни раз­го­во­ри со три­те ре­сор­ни ми­ни­стри што ги по­кри­ва­ат на­ши­те деј­но­сти и беа отво­ре­ни по­го­ле­ми­от број пра­ша­ња, кои се и де­нес во на­ши­те ба­ра­ња. До­бив­ме уве­ру­ва­ње де­ка по пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, до­кол­ку акту­ел­на­та ко­а­ли­ци­ја би­де на власт, ќе има се­ри­о­зен при­стап кон на­ши­те проб­ле­ми во деј­но­сти­те обра­зо­ва­ние, на­у­ка и кул­ту­ра. За жал, тоа не се слу­чи до де­нес, иа­ко со од­лу­ки на Со­ве­тот на СОНК не­кол­ку­па­ти до­ста­ву­вав­ме ба­ра­ња до ре­сор­ни­те ми­ни­стерс­тва за по­кон­стру­кти­вен при­стап кон со­ци­јал­ни­от ди­ја­лог и парт­нерс­тво.

Од ас­пект на син­ди­кат, на­ши­те ба­ра­ња се од нај­и­тен ка­ра­ктер и ра­ко­водс­тво­то на СОНК, Со­ве­тот на СОНК, е кон­цен­три­ра­но на проб­ле­ми­те со кои се со­о­чу­ва на­ше­то членс­тво и на на­о­ѓа­ње ре­ше­ни­ја за нив.

 

Има­ше раз­лич­ни мис­ле­ња за тоа да­ли тре­ба де­ца­та да се­дат до­ма до­де­ка про­фе­со­ри­те штрај­ку­ва­ат. Тре­ба ли уче­ни­ци­те да се ин­вол­ви­ра­ат во проб­ле­мот или е мож­но да се штрај­ку­ва без да тр­пи обра­зов­ни­от про­цес?
Неделков: Пра­во­то на штрајк на си­те ра­бот­ни­ци во РМ е га­ран­ти­ра­но со Уста­вот и со за­ко­ни­те во РМ, но, исто та­ка, и со ме­ѓу­на­род­ни­те кон­вен­ции, кои на­ша­та др­жа­ва ги има ра­ти­фи­ку­ва­но. Се­ка­де во све­тот про­свет­ни­те ра­бот­ни­ци штрај­ку­ва­ат исто или слич­но ка­ко СОНК, впро­чем СОНК не штрај­ку­ва прв­пат. Не др­жи те­за­та де­ка уче­ни­ци­те го гу­бат пра­во­то на обра­зо­ва­ние и тоа де­ка ди­рект­но се ин­вол­ви­ра­ни и иско­ри­сте­ни од на­став­ни­ци­те би­деј­ќи на­став­ни­ци­те се­ко­гаш во во­нред­ни на­по­ри и актив­но­сти ги на­до­пол­ну­ва­ле за­гу­бе­ни­те на­став­ни ча­со­ви и на­став­ни­те со­др­жи­ни би­ле ре­а­ли­зи­ра­ни во сог­лас­ност со на­став­ни­от план и про­гра­ма.

 

Во проб­ле­мот се вне­се и мно­гу по­ли­ти­ка. Сме­та­те ли де­ка ме­ша­ње­то на по­ли­ти­ка­та мо­же по­ве­ќе да по­мог­не или да од­мог­не во ис­пол­ну­ва­ње­то на крај­на­та цел – по­до­бру­ва­ње на ра­бот­нич­ки­те пра­ва и стан­дар­дот на про­свет­ни­те ра­бот­ни­ци?
Неделков: По­ли­ти­ка­та е не­из­беж­на во се­којд­нев­ни­от жи­вот, во на­ши­от Син­ди­кат има чле­но­ви што се сим­па­ти­зе­ри на раз­ни по­ли­тич­ки оп­ции, но СОНК во­ди ед­на по­ли­ти­ка, а тоа е син­ди­кал­на­та по­ли­ти­ка. Има­ше оби­ди, има и си­гур­но ќе има не­кој што ќе са­ка да вне­се по­ли­ти­ка во си­те актив­но­сти и не­кој ду­ри мис­ле­ше де­ка ќе про­фи­ти­ра, но очиг­лед­но е де­ка си­те оби­ди не да­доа ре­зул­тат. На­ше­то членс­тво знае де­ка СОНК е се­ко­гаш под­го­твен и за по­е­ди­неч­ни проб­ле­ми, за се­кој член, да за­ста­не и да се бо­ри за ос­тва­ру­ва­ње на нив­ни­те пра­ва.

 

Во не­кои ме­ди­у­ми беа об­ја­ве­ни ин­фор­ма­ции де­ка зад ор­га­ни­за­ци­ја­та на про­те­стот стои опо­зи­ци­ја­та. Има­ше ли та­кви оби­ди?
Неделков: Про­те­стот бе­ше ор­га­ни­зи­ран и одр­жан на 1 август, оваа го­ди­на, врз ос­но­ва на Од­лу­ка­та што ја до­не­се Со­ве­тот на СОНК, ка­ко пре­ду­пре­ду­ва­ње за пре­ки­ну­ва­ње на пре­го­во­ри­те со СОНК. Ни­кој друг ни­ту го ор­га­ни­зи­рал, ни­ту учес­тву­вал во не­го, иа­ко има­ше раз­ни шпе­ку­ла­ции де­ка учес­тву­ва­ле и пен­зи­о­не­ри и сту­ден­ти. На­јод­го­вор­но твр­дам де­ка ни­ту за про­те­стот, ни­ту во ор­га­ни­за­ци­ја на нај­а­ве­ни­от ге­не­ра­лен штрајк не бе­ше вклу­чен ни­кој друг освен членс­тво­то на СОНК.

 

Разговараше: Не­над Мир­чев­ски
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со Јаким Неделков е објавено во 109. број на неделникот Република, 3.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top