| четврток, 6 декември 2018 |

Глигор Митковски: Би отишол во минатото за да поправам неколку свои лоши кривини

Пет на пет

62136_445036656160_4346666_n

Тој е синоним за временска прогноза. Го сакаат младите, го сакаат и постарите. Шармантен, харизматичен, насмеан со точна прогноза – тоа е Глигор Митковски, метерологот кој на Македонската телевизија ни дава совети како да се облечеме пред да излеземе од дома, дали да понесеме чадор, шапка или очила за сонце. Љубител е на екстремните спортови, на планините, трагач по се повеќе и повеќе адреналин. Го прашавме пет поинакви прашања… Еве што вели Глигор.

Да имаш временска машина дали би одел во иднината или минатото и зошто?
Митковски: Bo минатото, дефинитивно. Можеш да бираш во кој период и каде би егзистирал. Иднината е незивесна дури и со временска машина. Мислам дека ако треба да се вратам потоа назад во сегашноста, во минатото би отишол за да поправам неколку свои лоши кривини на мојот животен крстопат. Со мали исклучоци, сепак генералниот правец не би го менувал премногу.

Ако имаш шест месеци без обврски и без никакви финансиски обврски, што би правел?
Митковски:Би заминал во Јужна Америка, во Патагонија. Би „акал“ далеку од цивилизација. Мислам дека по 6 месеци адаптација таму и ќе се навикнеш, па нема да има потреба да се враќаш назад .

Десет дена на море или два дена на планина?
Митковски:Преферирам планина, ама во оваа прилика би се вратил уште 10 дена на Корчула. Прекрасни луѓе, прекрасно место, прекрасни спомени од минатово лето.

Дали си нервозен возач?
Митковски:Да, ме нервираат дрски и малограѓански прекршоци и знам да изреагирам. Се трудам да почитувам правила. Мислам дека Скопјево е ужасно место за сообраќај, комплетна дисхармонија. Имав прилика да возам во град каде сите се смирени, и тогаш немав потреба од нервоза. Значи, до местото ќе де е.

Што правиш кога врне?
Митковски: Ако е летен дожд со грмење- уживам, на есенски дожд правам прогноза за да видам кога ќе престане. А, ако врне снег повторно уживам.

Разговараше: Владо Оцевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top