| четврток, 6 декември 2018 |

Фолк-пејачка го прегазила пешакот на „Рузвелтова“

сообраќајка

Позната фолк-пејачка од македонската естрада вчера попладне прегазила пешак на улицата „Франк Рузвелт“ во Скопје. Пејачката со својот автомобил удрила во старец кој ненадејно ѝ го попречил патот. „Вечер“ објави дека се работи за А.А. (47) од Скопје, која со својот автомобил „ауди“, со скопски регистарски таблички, удрила во скопјанецот Киро Деловски (76) од Скопје.

Деловски од ударот добил тешки телесни повреди поради што со возило на Брза помош бил пренесен на скопските клиники, каде што, и покрај напорите на лекарите, починал по околу два часа.

Полицијата извршила увид, а телото на починатиот скопјанец било дадено за обдукција. Од полицијата велат дека од познатата пејачка била земена изјава, но дека ќе се почекаат и резултатите од обдукција по што ќе се има целосната слика за тоа што се случило и кои се причините поради кои дошло до несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top