| четврток, 6 декември 2018 |

Австралијка во карантин по враќањето од Сиера Леоне

Австралијката што работела како медицинска сестра во епицентарот на еболата, во Сиера Леоне, добила треска и денеска е ставена во карантин. 57-годишната медицинска сестра утринава добила треска со помал интензитет и бидејќи отишла во локалната болница Кејрн, ставена е во изолација. Земена ѝ е крв за испитување, која со авион е испратена во Бризбејн на тестирање.

– Постои причина зошто случајот се третира толку сериозно. Не знам дали има ебола, но била изложена на болни лица додека работела во Сиера Леоне и сега има треска – вели Јанг од медицинската установа.

Во Австралија се забележани бројни случаи со симптоми слични на ебола по патувањето во Афика, но никој досега не бил позитивен на таа смртоносна болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top