| четврток, 6 декември 2018 |

Крис Бош: Не сум зборувал со Леброн откако си замина

Крилниот центар на Мајами Хит, Крис Бош изјави дека не разговарал со Леброн Џејмс, откако тој се врати во екипата на Кливленд ова лето.

Изминатите четири сезони во Мајми, Двејн Вејд, Крис Бош и Леброн Џејмс претставуваа ударна игла во овој тим.

И покрај тоа што тие одлично се согласуваа, откако Леброн реши да си замине, работите очигледно се промениле.

На едно од последните интервјуа, Бош изјави дека не очекува нивната средба да му разбуди позитивни емоции.

– Ќе ми биде драго да го видам. Се надевам. Иако не сум сигурен во тоа – изјави Крис Бош.

– Моментално не размислувам за тоа. Сконцетриран сум на улогата во мојот тим и на моите обврски. Морам да го предводам тимот и да им помогнам на момците да победуваат. Доколку некој од играчите ја напушти соблекувалната, јас немам намера да му посветувам време – објасни Крис Бош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top