Британските полицајци биле вчудовидени кога во станицата во Братфорд пред неколку дена Бетмен довел крадец и си заминал. По неколкудневна потрага по мистериозниот херој, било откриено дека зад маската се криел Британецот Стен Ворби (39), доставувач на кинеска брза храна.
Приказната за херојот од стриповите ја пренесоа светските медиуми, но на крајот се испостави дека тој, всушност, немал супермоќ, туку во станица го довел неговиот пријател Дени Фрејн (27), кој решил да се предаде поради извршена кражба и измама.
Ворби во костимот на суперхеројот го следел натпреварот од финалето на Лига-купот меѓу Братфорд и Свонси, кое се играло во Лондон.
– Дени ми се јави среде натпревар и ме праша дали можам да го одведам во полиција. Штом заврши натпреварот, отидов дома, го зедов Дени и го однесов до првата станица. Многу пиев тој ден, па затоа не ни приметив дека се шетам во костин на Бетмен во полициска станица. Кога полицаецот ме погледна и почна да ми се смее, сфатив во што сум облечен, а тој ми рече дека заслужувам медал затоа што сум фатил криминалец – раскажува Ворби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.