
Десетина деца се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа, која попладнево околу 14.20 часот се случила во близина на Велешта, Струшко. „Прес 24“ повикувајќи се на неофицијални извори објави дека во сообраќајката учествувале автобус во кој се превезувале ученици и товарно моторно возило. Едно од децата е со потешки повреди и е пренесено во медицинскиот центар „Свети Еразмо“ во Охрид, додека другите деца имаат полесни повреди.
Полицијата ја потврди несреќата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


