| четврток, 6 декември 2018 |

За стружани 600 вакцини против грип

vakcina

Шестотини вакцини против сезонскиот грип ќе добие епидемиолошкото одделение во Струга во пресрет на зимската сезона кога кулминира ова вирусно заболување.

Како што информираат од Регионалниот центар за јавно здравје со седиште во Охрид, кој ги покрива териториите на општините Струга, Охрид и Дебар, вакцините треба да пристигнат во текот на втората половина на месецот по што ќе почне и вакцинацијата на населението.

Во текот на изминатите неколку години, во Струга се набавуваат околу 600 вакцини против сезонскиот грип, количество кое ги покрива потребите на граѓаните. За охриѓани се одвојуваат 1500, а за жителите на Дебар 400 вакцини против сезонски грип.

Вакцината против грип не е задолжителна и се дава на доброволна база, но, сепак, како што вели, епидемиологот д-р Јованка Коровешоска Стурлакова од Центарот за јавно здравје, се препорачува да се имунизираат ризичните групи луѓе, како што се хроничните болни, старите лица, бремените жени, како и оние кои имаат опаднат имунолошки систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top