| четврток, 6 декември 2018 |

Се продаваат 29 парцели во Кочани и на Пониква

Kocani

Во Кочани вкупно 29 градежни парцели за изградба на објекти со различна намена се ставени на продажба. Дваесет од нив се наменети за објекти за индивидуално домување, една е за изградба на хотели, две се за викендички и шест се за изградба на индустриски објекти.

Парцелите што се ставени на продажба се на различни локации во градот и кај Спортско-рекреативниот центар „Пониква“, со единствена почетна цена за наддавање, која не се однесува само за двете парцели во населбата Прокарка.

– Објектите во Прокарка можат да имаат дел во кој ќе се извршува и комерцијална дејност (во обем од 40 отсто од вкупната корисна површина), освен што ќе служат за индивидуално домување. Затоа за нив почетната цена по еден квадратен метар изнесува 583 денар. Сите други парцели имаат почетна цена од 61 денар за квадрат – истакна Петар Апостолов, секретар на Општина Кочани.

Пријавувањето на тие што ќе наддаваат по електронски пат за парцелите за индивидуално домување и за викендички завршува на 20 октомври, а пријавувањето на интересентите што ќе сакаат да ги купат парцелите за хотелите и за индустриските објекти истекува на 29 октомври. Електронската јавна аукција ќе се одржи во периодот од 27 октомври до 3 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top