| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто за ИДИЛ е важен градот Кобани?

знаме идилСпоред курдската одбрана на Кобани, едноставно, има премногу борци на ИДИЛ кои го напаѓаат градот за воздушните напади од коалицијата да бидат ефективни. Муџахедините напаѓаат од три страни на градот и ги адаптирале нивните тактики во налетот на коалициските напади од воздух. Штом борците успеваат да се скријат кога ќе се појави авион, значи дека воздушните бомбардирања се од ограничена корист. ИДИЛ пред офанзивата во Кобани доведе до хуманитарна вонредна состојба. Зазеде околу 60 села, присилувајќи над 160.000 курдски цивили да бегаат преку турската граница.

Зошто, всушност, Кобани е стратешки важен? Според „Бизнис инсајдер“, тоа е голем граничен премин кој овозможува потенцијална предност за ИДИЛ. Со преземање на градот, исламистите ќе можат да патуваат речиси непрекинато од Алепо на границата со Ирак.

karta na isis i kobaneИмајќи ја контролата на важен граничен премин, всушност ја зајакнуваат крајна линија на ИДИЛ и ја продлабочуваат контролата на групата во текот на т.н. калифат.

– Запленувањето на граничните премини, контролата на трговијата, пратките со помош и шверцот ќе помогне Исламската држава како општество да ја контролира и стабилизира својата власт – посочува Арон Лунд, уредник на „Сирија во криза“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top