Првиот потпретседател на српската Влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ синоќа изјави дека за Србија е неприфатливо воведувањето санкции кон Русија и дека, доколку тоа го стори, Белград ќе работи директно против своите национални и државни интереси.
– Доколку Србија му воведе санкции на својот најголем политички партнер, Русија, од која зависи нашиот национален државен интерес, тој што тоа ќе го стори во Србија директно ќе работи против националниот и државен интерес, рече Дачиќ во интервју за РТС.
Тој изјави дека при посетата на Бразил побарал веќе да не го прашуваат на оваа тема, бидејќи тоа е завршена приказна – Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина, но не воведува санкции против Русија.
Дачиќ го постави и прашањето кој ќе ја поддржува Србија во Советот за безбедност на ОН доколку Белград се откаже од „своите сојузници Русија и Кина“, кои, според него, се единствената брана за приемот на Косово во Светската организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.