Американската пливачка федерација го суспендираше најтрофејниот пливач Мајкл Фелпс на шест месеци бидејќи неодамна беше уапсен поради возење во алкохолизирана состојба.
Фелпс беше сопрен од страна на полицијата бидејќи возел 135 километри на час во делот на Балтимор каде што е дозволено 70 километри на час. Ова е второ апсење за Американецот поради ист инцидент, а претходното се случило во 2004 година.
Следно учество на натпревари ќе му биде дури на 6 март кога му истекува суспензијата.
Американскиот пливач ѝ се извини на јавноста за инцидентот и вети дека за време на казната ќе поработи на својата рехабилитација.
– Имав исклучително тежок период. Погрешив. Признавам, ова не ми е првпат. Разочаран сум и сега ми следува период на рехабилитација. Пливањето секогаш било дел од мене и верувам дека ќе ги надминам тешкотиите и пак ќе му се вратам на мојот омилен спорт – изјави Фелпс.
Со 18 освоени златни медали, Фелпс е најтрофеен спортист во историјата на Олимписките игри. Тој се повлече по ЛОИ во Лондон 2012 година, но неодамна изрази желба повторно да се натпреварува, а како предизвик ги посочи Игрите во Рио во 2016 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


