
Една од најдобрите серии, и според публиката и според критиката, на сите времиња, „Твин Пикс“, се враќа на телевизијата во девет епизоди, пренесуваат светските медиуми. Првите епизоди од продолжението се очекува да бидат емитувани во 2016 година.
– Мистериозниот и многу посебен свет на „Твин Пикс“ повторно ќе го гледате на малите екирани – соопштија Дејвид Линч и Марк Фрост, творци на серијата, додавајќи дека многу се возбудени поради снимањето на продоложението на серија.
– Шумата нека биде со нас – се пошегуваа тие.
Линч планира да ги режира сите девет епизоди, а уште не е познато кои актери ќе ги играат главните улоги. Снимањето на новите епизоди треба да почне идната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Проколната телевизиска серија: Во три месеци починаа два актери
-
Лошата Фикрие од „Нашата Дениз“ во приватноста е многу згодна!
-
Што стои зад препевот на познатата „Налеј Налеј“ за серијалот „Македонија“ и каква е поврзаноста на гемиџиите? (видео)
-
Снимена првата сезона од серијата „Македонија“ објавен е и трејлер


