Кинескиот премиер Вен Жиабао денеска се заложи за претварање на Кина во потрошувачка економија за да може да се одржи високиот раст. Тој не дал препораки што ќе направи Пекинг со големите државни компании, за кои се смета дека ќе бидат кочничари на економскиот раст
Говорејќи на отворањето на Кинескиот сенароден конгрес, Вен потврдил дека во наредниот период е предвиден раст на економијата од 7,5 отсто. Тоа е помалку од двоцифрената стапка која ја имаше брзо растечката кинеска економија.
Кина ќе ги стави потрошувачката класа во преден план на реформите како би ги остварила предвидувањата. Вен рекол дека ослободувањето на силата на кинескиот потрошувач е од значење за иднината на земјата и повикал на забрзување на реформата во системот за дозволите за престој за да се подржи напорот за урбанизацијата и давање на основните права на мигрантите, со што ќе се поттикне економскиот развој.
Префрлањето на растот од инвестиционо ориентираното и извозно зависен модел, кој ќе овозможи три децениски раст со двоцифрена стапка и извлекување на стотина милиони луѓе од сиромаштија во стопанство свртено кон внатрешната потрошувачка бил приоритет на претходниот премиер на Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.