| четврток, 6 декември 2018 |

Српската естрада на удар – пејачите ќе останат без вилите, автомобилите, бундите

Српската естрада пред голем удар, бидејќи во јавност конечно ќе се дознае дали е точно дека во овие кругови годишно затајуваат и до 87 милиони евра.

Имено, првиот даночник на Србија, Марко Маринковиќ најавил дека започнува вкрстено испитување за имотот и приходите на естрадните личности.

Како што пишува српски „Курир“, со овие испитувања ќе се дознае како српските ѕвезди си ги дозволуваат луксузните вили, автомобили, накит, скапа гардероба, а истовремено тврдат дека регуларно и навремено го подмируваат својот данок.

Според новиот закон за даночна постапка, сите кои не платиле данок, можат да очекуваат одземање на имотот или блокирање на банкарските сметки. Адвокатот Владимир Бељански објаснил дека претходи кривична постапка за можно затајување на данок пред  да стапи во сила конфискацијата.

– Доколку се докаже дека имотот е стекнат со кривично дело, може да дојде на одземање на така стекнатиот имот на осуденото лице – вели Бељански.

porez-estrada-kurir-852014-1412583527-578677

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top